Вардар во Каменица по место во осминафиналето од Купот

Во последниот 1/16-финален натпревар од Купот на Македонија, денеска од 17 часот Вардар гостува во Каменица, каде ќе се соочи со второлигашот Саса.

„Црвено-црните“ се големи фаворити па се очекува само рутински да ја одработат својата задача на патот кон осминафиналето во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Претходно, како што е познато, во осминафиналето место обезбедија, Шкендија, Академија Пандев, Македонија ЃП, Силекс, Охрид, Ренова, Лабуништа, Пелистер, Брегалница, Шкупи, Струга Трим Лум, Работнички, Тиквеш, Борец и Осогово.

Денешниот натпревар во Каменица ќе биде и од хуманитарен карактер. Ќе бидат поставени штандови на кои секој гледач ќе може да донира средства за помош на болниот фудбалер на Беласица, Томе Јанев.

Се вчитува...