Со два гола во второто полувреме, Вардар успеа да дојде до посакуваната победа против Шкендија Арачиново во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.
По главно израмнетото прво полувреме, во кое „вардарци“, сепак, имаа доминација, на крај повеќе од заслужен триумф од 2-0 за актуелниот шампион на дуелот кој се играше без публика на стадионот „Петар Милошевски“ на ФФМ тренинг центарот.
Стрелци на головите за победа на Вардар беа Николов во 46. минута како и Закариќ во 69. минута на асистенција на капитенот Азер Омерагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
