Вардар има брзо водство од 0-1 на гостувањето против летонската Рига на реванш дуелот од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.
Со тоа е анулирана предноста на Летонците од Скопје, но веднаш потоа и голем хендикеп за Вардар по директниот црвен картон за Филип Најдовски.
Вардар до водство дојде во 17. минута по извонредниот гол со волеј-удар на Давид Бабунски.
Но, веќе во 19. минута директен црвен картон за Најдоски кој стартуваше пред македонскиот гол, па до крајот „вардарци“ ќе играат со фудбалер помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
