Вардар загуби од Нант и остана последен во Стразбур

Вардар го заврши настапот на Европскиот турнир во Стразбур на последното место, откако во последниот натпревар за пласман беше поразен од Нант со Кире Лазаров во составот, со  27-29. Во првите два натпревари на реномираниот турнир во Франција, вардарци на стартот одиграа нерешено со ПСЖ (33-33), а потоа беа убедливо поразени од Мешков Брест (22-32). На првиот натпревар во Стразбур, Вардар остана и без капитенот Стојанче Стоилов кој ја повреди дланката и два месеци ќе паузира.

Во дуелот со Нант за 5.место, „црвено-црните“ одиграа променливо во првите 30 минути, а така продолжија и во вториот дел и не успеаја да Нант имаше почетно водство од 2-0. Вардарци брзо фатија ритам и поведоа со 8-4 по ефикасната серија на десниот бек Даинис Криштопанс кој постигна три од осумте гола на Вардар во првите 12 минути од натпреварот.

Офанзивата на „црвено-црните“ го принуди тренерот на Нант, Тиери Анти да го искроисти првиот тајм-аут и тоа му донесе резултат. Нант постигна четири гола во серија и изедначи на 8-8. Тогаш со тајм-аут реагираше и Роберто Парондо и успеа да го врати Вардар во игра и воп водство со 12-9, а малку подоцна и со 14-11. Но, потоа повторно падна концентрацијата и играта на „црвено-црните“, а Нант ја искористи шансата и дојде до ново изнедначување на 14-14. Во финишот на првото полувреме, вардарци успеаја да постигнат гол и на одмор заминаа со минимална предност од 15-14.

Двете вразни одбрани на Арно Сифер на стартот од второто полувреме внесоа дополнителна сигурност во играта на Нант и шанса за ново изедначување(15-15). Во 36.минута Вардар доби исклучување, а Нант го презеде водството со 16-17.

Во наредните минути се играше гол за гол. Нант имаше минимална преднсот, а Вардар изедначуваше. Двете екипи во егал (21-21) влегоа и во последната четвртина. Францускиот тим дојде на +3 во 52.минута поведувајќи со 22-25. Вардарци намалија на 24-25 , а на две минути до крај стигнаа и до ново изедначување на 26-26. Во последната минута, Едуардо Гурбиндо доби исклучување, но Сифер одбрани седмерец, а вардарци ја пропуштија шансата да дојдат во водство. Тиери Анти побара тајм-аут пред последниот напад, а Нант потоа го постигна два гола и ја завери првата победа на турнирот со конечните 29-27.

Даинис Криштопанс и Сергеј Горбок постигнаа по пет гола, Иван Чупиќ и Тимур Дибиров додадоа по четири, а Дејан Милосављев го заврши мечот со девет одбрани на голот на Вардар.

Во натпреварот за 3.место денеска ќе играат Мешков Брест и Веспрем, а во финалето за пехарот ќе се борат Монплеје и ПСЖ.

Се вчитува...