Вардар закажа уште четири контроли на подготовките во Норчија

Вардар ќе одигра уште четири натпревари на подготовките во Норчија, Италија. Закажани се четирите пријателски мечеви кои почнуваат на 23 јуни, а завршуваат на 30 јуни.

Така шампионот на 23. јуни ќе одигра против селекцијата на Умбрија. На 25. јуни ќе ги одмери силите со Норчија Калчо, а на 27. јуни ќе игра со Ла Фиорита, противникот на Вардар од ланското издание на Лигата на Конференции.

Пријателските натпревари се заокружуваат на 30. јуни со дуел против Виртус.

Се вчитува...