„Вардарки“ го бранат, Бадел го напаѓа трофејот во Купот на Македонија за жени

Традиционално, во истиот викенд се игра и завршниот турнир од Купот на Македонија за жени. Овојпат улогата на бранител на трофејот ќе ја има Вардар, а главен фаворит за враќање на пехарот во своите витрини ќе биде шампионот Бадел.

Вардар во полуфиналето ќе се сретне со Пелистер, додека Бадел ќе ги одмери силите со Струга 2009.

„Ќе одиме чекор по чекор, најпрвин се насочуваме на полуфиналето со Пелистер. Нема да биде лесно како што сите мислиме, но ќе сториме се за да победиме. Сите мисли сепак ни се насочени кон финалето, со желба да го одбраниме трофејот“ – изјави тренерот на „вардарки“, Срѓан Дамњановски.

Тренерот и капитенот на Струга 2009 потенцираа дека самото учество на овој Ф4 турнир ќе биде од драгоцено значење за овој млад тим.

„За нас како млад клуб во времетраење и уште помлад со состав е голема чест да бидеме дел од оваа завршница. Ние сме победници со самото искуство што ќе го собереме, точно е дека во купот се можни изненадувања, не гаиме лажни амбиции, ќе сториме се за да одиграме најдобро што можеме“ – истакнаа од таборот на Струга 2009.

Се вчитува...