„Вардарки“ убедливо до трофејот во кадетска кнкуренција

Екипата на Вардар е нов државен првак во М16 лигата во женска конкуренција откако забележа две заслужени победи на завршниот турнир што се играше во Неготино.

Финалето со Спорт тим беше израмнет само во првата четвртина што заврши 16-16, на одмор се замина со 34-29 за „црвено-црните“, за „вардарки“ целосно да издоминираат во вториот дел и да слават со преубедливи 84-45.

Димитровска со 24.оени беше најефикасниот поединец во финалниот натпревар, додека Трајковска стигна до дабл дабл од 19 поени и 12 скокови.

Теа Трајковска е најкорисниот играч на Ф4 турнирот во Неготино

Репрезентативката на Македонија, и кошаркарка на скопски Вардар, Теа Трајковска беше прогласена за најкорисен играч зна завршниот турнир од М16 лигата во машка конкуренција.

Трајковска беше одлична во големото финале, стигнувајќи до 30 индексни поени, најмногу на двете страни од теренот. Теа реализираше 19.поени (7/17 во шутот од поле и 3/4 од линијата за слободни фрлања. Додаде и 12 скока, 6 асистенции за 32:50 минути на теренот, повеќе од заслужено за престижното признание во оваа кадетска конкуренција.

 

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Пробаскет – Вардар 46.66

Спорт тим – Петровски 47:37

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

Пробаскет – Петровски 61:44

ФИНАЛЕ

Вардар – Спорт тим 84:45

Се вчитува...