Вардаровите фудбалери едногласни: Ние сме морални шампиони, нека ни е честита 12-та титула!

По одлуката на Управниот одбор на ФФМ за прекин на сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига и означување крај без прогласување шампион, очекуван револт меѓу вардаровите фудбалери кои огласувајќи се преку социјалните мрежи потенцираат дека се морални шампиони, без разлика на се…

 „Теренот е единственото мерило на вредностите. Благодарност до управата, стручниот штаб, соиграчите, навивачката група Комити и сите останати навивачи на Вардар. Сите ние заедно сме морални шампиони оваа сезона без разлика на поинаквата одлука. Докажавме дека сме најдобриот фудбалски колектив во државата. Нека ни е честита новата, 12-та титула шампион на Македонија. Еден живот, една љубов“ – напиша на својот фејсбук профил, фудбалерот од средниот ред, Филип Најдовски.

Се огласи и голманот Филип Гачевски кој се уште верува дека ФФМ ќе ја промени одлуката.

„Ние сме шампиони. Дали ќе бидеме официјално или не, сепак сме вистински шампиони. За жал во оваа држава се можно. ФФМ не не разочарувајте“ – напиша Гачевски.

Сосема еднаков е ставот и на еден од најдобрите фудбалери на тимот, Даниел Аврамовски.

„Оваа титула му припаѓа единствено на Вардар, без разлика на било каква друга одлука. Ние сме вистинските шампиони. Верувам ФФМ ќе ја исправи оваа неправда“ – истакнува Аврамовски.

 

 

Се вчитува...