„Вардарци“ без проблеми и до шеста победа во Суперлигата

Ракометарите на Вардар без проблеми дојдоа и до својата шеста победа во Суперлигата, триумфирајќи овој пат во првиот натпревар од 6. коло во Групата Б против Мулти Есенс со 33-24 (15-8).

„Црвено-црните“ уште од почетокот на дуелот почнаа да создаваат предност која рутински ја одржуваа до крајот на дуелот. На полувреме Вардар замина со предност од седум гола (15-8).

„Вардарци“ во второто полувреме имаа предност и од +15 гола, (29-14), меѓутоа младите ракометари на Мулти Есенс благодарение на поагресивната одбрана во финишот успеаја да ја намалат разликата за конечни 33-24.

Матија Николиќ со осум гола беше најефикасен кај Вардар, а Гоце Георгиевски заврши со пет гола. Карасеминакис со седум погодоци, пак, беше најефикасен во редовите на Мулти Есенс.

Вардар е прв во Групата Б со максимален број бодови, пред Е. Пелистер кој е досега со четири победи и еден пораз, а попладнево се соочува со екипата на Тинекс Пролет.

Се вчитува...