Вардарци без Циндриќ против Рајн Некар?

Европскиот ракометен првак Вардар најверојатно ќе мора да настапи без Лука Циндриќ на дуелот против Рајн Некар Левен што в сабота ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Хрватот има повреда на ногата и не тренира веќе две седмици, а не беше дел од тимот ниту на вчерашниот меч против Динамо Панчево во рамките на СЕХА.

Тренерот Раул Гонзелес објасни дека повредата на Циндриќ воопшто не е наивна.

„Циндриќ е повреден и не тренира веќе две седмици. Тој не е во тренажен процес, и последната одлука ќе ја има лекарскиот тим. Многу ќе ни недостига против Рајн Некар“, истакна Раул Гонзалес.

Се вчитува...