Вардарци чекаат пари и лиценца, а останаа и без струја?

Финансиската криза што го тресе Вардар е се поголема. И се повидлива, очигледна. Професионалниот погон очекува исплата на долговите на име плати и рати од договори, од тоа зависи и лиценцата за настап во Европа за следната сезона, а им се стемни и во Академијата. Покрај долговите за лични доходи, денеска се појавил проблем и со неподмирени обврски за електрична енергија. Исклучена е струјата поради ненавремено плаќање на сметките.

Многу поголеми се долговите што сопственикот Сергеј Самсоненко ги има кон фудбалерите и стручниот штаб. Се калкулира со сума од околу 1,5 милиони евра. И треба да се подмири итно, најдоцна до 15 мај. Во спротивно, Вардар втора година по ред ќе биде казнет од сопственото раководство да не игра во европските купови. А фудбалерите на теренот се блиску до освојување на титулата, каква и да биде одлуката на ФФМ за продолжение на шампионатот.

Се вчитува...