Вардарци ги извршија тестирањата за Covid-19 (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Вардар ги изврши тестирањата за Covid-19. Мобилната екипа на Аџибадем Систина денеска беше во тренинг кампот на ФК Вардар и беа тестирани сите фудбалери, членовите на стручниот штаб и луѓето кои се вработени во клубот. Сепак, утрешните тестови на Шкупи и на Струга ТЛ се откажани откако клубовите одбија да бидат тестирани.

Вардарци се лидери на табелата во Првата лига, која според последните случувања и „позитивни случаи“ на коронавирус во фудбалот неизвесно е и дали ќе продолжи.

Се вчитува...