„Вардарци“ ги стартуваа подготовките, Гоце Георгиевски ќе биде нов капитен

Двократниот европски шампион Вардар, со првиот тренинг денеска ги стартуваше подготовките за новата сезоан во домашниот шампионат и Европа.

Откако цел дома ќе биде враќање на титулата, авантурата во Европа за разлика од некои претходни години најверојатно за „црвено-црните“ ќе биде кратка бидејќи во првото квалификациско коло во Лигата на Европа за противник ќе го имаат големиот фаворит Рајн Некар Левен.

Големи промени ќе има во Вардар во новата сезона откако нов директор ќе биде Борко Ристовски. Легендата на клубот Стојанче Стоилов стави крај на богатата кариера, а капитенската лента во новата сезона ќе му припадне на Гоце Георгиевски.

Нови имиња во клубот со Србите Стефан Петриќ и Марко Сердановиќ, Словенецот Матија Николиќ, Јапонецот Косуке Јасухира од Висла Плоцк и двајцата репрезентавци на младинската селекција на Португалија, Нилтон Мело и Хансен Родригез.

Искусното крило трета сезона е во редовите на „црвено-црните“, а претходно во кариерата настапуваше и за Tулуз, Динамо Букурешт и Металург. Токму во дресот на Металург Георгиевски водеше големи битки против Вардар во домашниот шампионат, СЕХА и Лигата на шампионите.

Се вчитува...