Вардарци го совладаа Извиѓач и го потврдија првото место во СЕХА

Ракометарите на Вардар на рутински начин ја остварија 15.победа во СЕХА – лигата, славејќи на гости против Извиѓач со 27-33. Со овој триумф, последен во лигашкиот дел од натпреварувањето, Вардар ја потврди првата позиција на табелата пред турнирот Ф4.

izvigjac so vardar 2

„Црвено-црните“ доминираа во текот на мечот, а на полувреме остварија предност од пет гола разлика (12-17). Домашниот тим се закани на почетокот на вториот дел, но само додека Вардар не уфрли во една брзина повеќе, а потоа повторно работите дојдоа на свое место. На крајот тимот на Раул Гонзалес славеше со 27-33 потврдувајќи ја својата класа.

Игор Карачиќ со осум гола беше најефикасен во редовите на Вардар, а Жоан Канелјас постигна шест погодоци.

Се вчитува...