Вардарци одиграа на ‘мали голчиња’ со учениците од „Васил Антевски – Дрен“

Вардарци во првото пролетно коло го преслушаа Шкупи со 3-0, а во пресрет на големото дерби со Шкендија одиграа партија на ‘мали голчиња’ со учениците од средното училиште „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје. Којашевиќ, Блажевски, Алексовски, Николов, Димков, Стојчевски и Петковски имаа убава дружба со учениците од ова училиште кои на крајот добија автограми од „црвено-црните“.

„Имавме убава можност да се дружиме со средношколците и ги покануваме да дојдат на некој од следните натпревари да ни дадат поддршка од трибините. Ова е добра можност одблиску да се запознаеме со нив, и се надеваме дека во иднина ќе има уште дружења од ваков карактер. Ова училиште покажа колку го сака Вардар“, истакнуваат „вардарци“ за официјалниот сајт на клубот.

Фото: www.fkvardar.mk

vardarmanija dren 4

vardarmanija dren 2

vardarmanija dren 3

Се вчитува...