„Вардарци“ со ново разочарување – Како мина Скопје, тешко дека Рига ќе заврши со „хепи-енд“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар приреди уште едно разочарување на своите фанови во Европа сезонава, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ загуби од тимот на Рига со 2-3.

Вардарци можеби не заслужија пораз, меѓутоа на крајот беа казнети за неискористените шанси, особено во вториот дел. Сепак, Вардар е далеку од тимот кој што се најавуваше и требаше да ја дочека есента во Европа.

За среќа ништо се уште не е загубено, но како помина мечот во Скопје, многу ќе биде тешко Рига да заврши со „хепи-енд“.

Се вчитува...