Вардарци со само една мисла – Победа во Летонија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го одржа официјалниот тренинг на стадионот „Сконто“ во Рига, Летонија, пред утрешниот натпревар против Рига како дел од 2. коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

„Црвено-црните“ одржаа тренинг на стадионот „Сконто“ во позитивна атмосфера и голема самодоверба пред утрешниот реванш во кој за задача ќе имаат да ја анулираат негативата од првиот меч (2-3).

Дуелот помеѓу Рига и Вардар е закажан за утре (вторник), со почеток во 19 часот.

 

Се вчитува...