„Вардарци“ стартуваат во понеделник, во очекување и на најавената исплата на долговите

На денешниот состанок на претставниците на Град Скопје, АДССДП и навивачката група „Комити“, вардаровите фудбалери, оние кои преостанаа во клубот, најавиле можност од понеделник да ги стартуваат подготовките за пролетниот дел од шампионатот, но сето тоа паралелно и со очекуваната исплата на дел од заостанатите плати.

Наредниов период се очекува активирање на ваучерот за ФК Вардар од страна на државните институции, па со средствата наредната недела треба да бидат исплатени дел од заостанатите долгови за актуелните фудбалери. Исплатата се очекува на почетокот од следната недела, а „црвено-црните“ искажале отворена волја на денешниот состанок од понеделник да ги почнат подготовките.

На денешниот состанок од поискусните досегашни првотимци биле присутни Најденов, Блажевски, Лазаревиќ, Велковски, но и Крстевски, Величковиќ… Се очекува останување и на Филип Петковски и Милован Петровиќ, иако се со понуди за продолжување на кариерата во странство, како и на Мирчевски, и фудбалерите од младинските категории кои беа приклучени на првиот тим.

Се вчитува...