„Вардарци“ тргнуваат за Катар: Не знаеме ништо за првиот противник

Ракометарите на Вардар утре заминуваат за Катар, каде по освоената европска титула ќе се обидат да стигнат и до титулата на Суперглоуб. „Црвено-црните“ во изминатиот период работеа напорно на подобрување на физичката подготвеност, пред предизвиците што ќе ги очекуваат избраниците на Раул Гонзалес во претстојната сезона. Прв ривал на Вардар на Суперглоуб ќе биде Гашаран од Иран (25 август, 14 часот), екипа за која стручниот штаб на македонскиот шампион нема никакви конкретни информации.

Не знаеме ништо за противникот. Некои тренери со кои контактирав ни кажуваат дека Гашаран имаат добри играчи, но не знаеме како ќе треба да играме против нив. Сега треба да се фокусираме на тој прв натпревар, па ќе видиме за понатаму“ – искрен е Раул Гонзалес.

Стратегот на Вардар не е премногу загрижен од променливите игри на првите контролни средби во Германија, на кои „вардарци“ на три меча претрпеа два порази.

„Трениравме многу за физичка кондиција. Не знам колку сум задоволен, зашто не можеш да бидеш задоволен кога губиш. Но во Германија нашите ривали имаа повеќе контролни средби претходно и порано ги почнаа подготовките. Нам ни беше важно да воигруваме различна одбрана и да бидеме спремни за секое можно сценарио“ – смета Гонзалез.

Во новата ракометна сезона Вардар има едно интернационално засилување, Данис Криштопанс, а три момчиња од вториот тим, Даниел Ѓорѓевски, Тоше Ончев и Мартин Поповски добија шанса да тренираат и да се борат за место во тимот на европскиот првак. На подготовките во Словенија и Германија, покрај овие тројца отпатува и најмладиот челн Марко Кизиќ кој дури и доби шанса да брани на натпреварот со Рајн Некар. Тренерот Раул Гонзалез сака да им даде шанса и на овие ракометари да се борат за место во тимот иако е јасно дека тие засега нема да може да играат на највисоко ниво во лигата на шампионите.

Треба да играат без притисок, тешко е да играат лига на шампиони на високо ниво. Но, јас сакам тие да играат, и треба да играат, ама без притисок. Постојано ќе тренираат со нас и ќе ја чекаат и добијат шансата за игра. Во Германија беше и Марко Кизиќ, и тој во текот на годината повремено ќе тренира со на си ќе го следиме неговиот развој. Сигурно е дека на некои натпревари сите овие ќе добиваат поголем аминутажа, но нивно е да тренираат“ – истакнува тренерот на „вардарци“.

 

Се вчитува...