„Вардарци“ во секоја категорија во ТОП изборот: И најдобар гол, и најдобра одбрана, и во најдобра седморка!

„Вардарци“ сосема заслужено си најдоа место во секоја категорија во изборот на ЕХФ на најдобрите за изминатава рунда натпревари во Лигата на шампионите.

Вардар со 25-20 го победи ППД Загреб по што со 14 бода се проби на делба на првото место во Б Групата, заедно со Кјелце.

Токму по тој триумф, Арпад Штербик се најде во ТОП 5 одбрани на колото. Одбраната на Штербик може да ја погледнете на следниот ЛИНК.

Покрај Штербик, Лука Циндриќ со својот погодок се најде во ТОП 5 најдобри голови на колото.

А, најефикасниот на мечот, Алекс Душебаев кој постигна седум гола, според ЕХФ е сместен во тимот на колото во ЛШ. Изборот на ЕХФ на најдобрите седум од оваа рунда натпревари може да ја погледнете ТУКА.

Се вчитува...