Варди во 90. минута го скрши отпорот на „фенерџијата“

Лестер со многу мака успеа да триумфира на гостувањето против Шефилд Јунајтед, кршејќи го отпорот на „фенерџијата“ дури во последната минута, кога Џејми Варди ја смести топката во мрежата на Шефилд за огромна радост на „лисиците“.

Лестер беше подобар во првото полувреме, прв поведе преку Перез, но домаќините само две минути подоцна израмнија со голот на Мекбурни. Воедно, „лисиците“ во овој дел од мечот двапати (по еднаш Варди и Медисон) го погодија дирекот од голот на Шефилд.

Гостите не успеаја да го задржат темпото до самиот крај, второто полувреме донесе помалку возбудувања, но кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник Варди во 90. минута прими топка зад одбраната на Шефилд, истрча триесетина метри и на крајот ја смести во мрежата.

Се вчитува...