Вашингтон ја запре Оклахома, трае походот на Торонто (ВИДЕО)

Вашингтон и без Двајт Хауард и Џон Вол успеа да забележи убедлива победа од 116-98 над еден од најголемите фаворити во Западната конференција, Оклахома. „Визардс“ ги добија сите четвртини и предводени од Бред Бредли кој постигна 25 поени ја забележаа 16. победа сезонава. Триумфот сепак не му помага многу на Вашингтон за прогрес на табелата со оглед дека има дури 24 порази и останува на 11. место во Источната конференција. Оклахома пак и натаму е на третата позиција на Запад со биланс од 25/14.

Торонто повторно го презеде врвот на Источната конференција откако ја оствари четвртата победа во последните пет натпревари триумфирајќи над Индијана со 121-105. За канадскиот состав ова беше 30. победа наспорти 12.порази, биланс со кој го надмина Милвоки кој има ефект 27/11. Норман Пауел беше најефикасен во победата со 23 поени.

Атланта го изненади Мајами со победата 106-82 и го спречи да направи серија од три последовни победи, Шарлот ја продолжи агонијата на Феникс, го победи со 119-113 и му го нанесе петтиот последовен пораз. Лос Анџелес Лејкерс и натаму тонат без Леброн Џејмс. Загубија од Минесота со високи 108-86 и во периодот без главниот играч сериозно го влошуваат билансот. Сега се за 21/16 и од шестата позиција паднаа на осмото место на Запад.

Се вчитува...