Васоски и Сараево поразени од Железничар во дербито на првенството на Босна и Херцеговина

Александар Васоски и неговиот Сараево загубија на гостувањето кај Железничар со 2-0 во дерби натпреварот на 21. коло во премиерлигата на Босна и Херцеговина. Пред натпреварот се случи голем судар меѓу навивачките групи на двата тима кои се соочија во општа тепачка на стадионот.

И мечот не помина без нешто помалку инциденти. Дуповац во судиското надополнување во првото полувреме го остави својот тим на цедило откако доби црвен картон, а претходно во 31. минута Хоџиќ донесе водство за домашниот тим. Конечните 2-0 ги постави Зец во 90. минута.

Ова е прв пораз за Александар Васоски откако го презеде Сараево во зимскиот преоден рок.

 

 

 

Се вчитува...