Васоски: Им ја честитам титулата на фудбалерите, се надевам ФФМ ќе ја исправи грешката

По денешната одлука на Управниот одбор на ФФМ за прекин на сезоната и во Првата македонска фудбалска лига, притоа без прогласување шампион, се огласи и шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски кој нагласува дека се уште има време ФФМ да ја преиспита својата одлука и да им ја додели на „црвено-црните“ шампионската круна.

„Сакам да им ја честитам титулата на моите фудбалери, повеќе од заслужена! Ми беше чест и задоволство да работам со вас, ужував во секој тренинг, секој натпревар! Со просек од можеби не повеќе од 22 години не прави најмлад тим кој освоил титула, со огромен потенцијал на една генерација фудбалери кои се уште не го кажале последниот збор. Со одличен карактер свесни за психолошката тежина што го носи дресот на Вардар успеавте од себе да направите победници. Треба да сте горди на себе. Честитки до мојот стручен штаб, управа, нашата администрација, до нашиот сопственик Сергеј и секако до Комитите. Се надевам дека ФФМ ќе ја исправи грешката, сепак статистиката е само број“ – напиша Васоски на својот фејсбук профил.

Се вчитува...