Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс утре ќе го одигра првиот меч против белоруски Динамо Минск во воведното квалификациско коло од третото по ранг европско натпреварување Конференциската лига.
На денешната официјална прес-конференција утрешниот меч го најави тренерот на Кратовци, Александар Васоски.
„Задоволен сум што втора година по ред играме Конференциска лига. Го респектирам нашиот противник кој е многу квалитетен и веќе има 15 натпреварувачки мечеви во новата сезона. Наша цел е да избориме добар резултат пред реваншот во Македонија. Знаеме да играме на резултат, а ова се мечеви во кои резултатот треба да биде во прв план. Имавме голем број заминувања, но мислам дека новите фудбалери ќе бидат достојна замена ако не и подобри. Се надевам дека ќе прикажеме утре добра игра“, изјави Васоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
