Васоски незадоволен од ремито со „пандевци“: Не казнија од една шанса

Вардаровиот шеф на стручниот штаб, Александар Васоски поради суспензија не беше на клупата на „црвено-црните“ на вчерашниот натпревар против Академија.

Како и да е, по мечот Васоски искажа незадовоство од резултатот и, пред се од неискористените шанси на фудбалерите на неговиот тим кои не искористија многу шанси, особено и при водството од 1-0 со што потоа би се гарантирала победата.

„Љубителите на фудбалот кои беа на стадионот видоа дека на 1-0 не искористивме многу убави шанси. Навистина е недозволиво да не се реализира барем еднаш од тие прилики. Од друга страна, пак, противникот од првата посериозна шанса стигна до гол и до бод. Сигурно дека не сум задоволен од резултатот за кој сметам дека е незаслужен. Но, тоа е фудбалот, кога нема да се користат шансите, следува казната. Треба да жалиме за двата бода, но ќе мораме да се фокусираме веќе кон следните предизвици и ова да го заборавиме. Нормално и од вакви работи да извлечеме поуки, односно да тренираме да ја поправиме таа реализација за да не ни се случуваат вакви работи во иднина“ – изјави тренерот на Вардар.

Се вчитува...