Васоски: Носиме голем мотив за прва победа против Шкендија сезонава

Вардар како домаќин на Шкендија во 28. коло од Првата македонска лига в недела на „Борис Трајковски“ во Маџари ја очекува последната дерби пресметка сезонава.

„Вардарци“ веруваат дека може да стигнат до првата победа сезонава против својот најголем конкурент.

„Последен дерби натпревар за оваа сезона, ние сакаме да ја оствариме првата победа и мислиме на тоа. Мотивирани сме да дадеме се од себе за да победиме на овој меч. Нема да се навраќаме на она што се случуваше во изминатите два меѓусебни натпревари, туку ќе мислиме само на недела. Ако против Академија Пандев имавме многу шанси кои не ги искористивме, и со тоа не дојдовме до победа, тогаш на овој натпревар ќе треба да се користи секоја шанса која ќе ни се пружи. Очекувам момците да го дадат максимумот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за победа“ – шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“, Александар Васоски.

Васоски ги повикува љубителите на фудбалот да дојдат во што поголем број и да дадат поддршка за најтрофејниот македонски клуб.

„Станува збор за дуел на двете најдобри екипи во моментов, и тоа нека биде доволен мотив за публиката да дојде во што поголем број во недела“ – вели Васоски.

Се вчитува...