Васоски со одговор за реакциите на ривалите кон Академија Пандев: Патетични сте…!

Тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски по последното соопштение од Ренова во кое се реагира на судењето на вчерашниот натпревар во Струмица, а кое е продолжение и на реакциите на претходните клубови кои играат против „пандевц“, се одлучи да им одговори на противниците.

Васоски вели дека сите соопштенија на ривалите во кои се жалат на судењето се патетични, со што само се омаловажува трудот на неговата екипа…

„Морам да реагирам на се понагласените патетични соопштенија од нашите противници за судењето на нашите средби. Веќе преоѓа во патетика после мечот вината да ја барате кај судиите. Со тоа го омаловажувате нашиот труд и си барате алиби за поразите. Што е Академија Пандев виновна што некој неодговорен гледач свирнал со свирче од трибините, за нашите и фудбалерите на Ренова да застанат. Подготвен сум на дебата да дискутирам за секој фаул, офсајд или друга ситуација, ама само со аргументи. Ова веќе минува во хајка која нема врска со вистината. Се додека нема ВАР за жал ќе има судиски грешки, затоа сите треба да се залагаме што побрзо да се донесе. Апелирам и на јавна емисија со судиски експерти за да се минимизираат грешките“ – напиша меѓу другото популарниот Тетовче.

Се вчитува...