Васоски: Целта е Силекс да дојде до еден трофеј, нема никого да потцениме

Екипата на Силекс денеска ја отвора новата сезона со дуел против Башкими на свој терен. Актуелниот освојувач на Купот откако доживеа несреќна елиминација од Лигата на Конференции од Динамо Минск, сега се фокусира кон почетокот на новата сезона.

Според тренерот Александар Васоски, целта е иста како минатата сезона – да се освои барем еден трофеј и во овој шампионат.

„Целта е иста како и минататa сезона – да се освои барем еден трофеј и тимот повторно да игра во Европа. Ќе се обидеме да бидеме што подобро пласирани на табелата, а во Купот да стигнеме до финалето“, изјави Васоски.

За натпреварот со Башкими, тренерот на кратовци е внимателен.

„И покрај тоа што Башкими има проблеми, доцна започнаа со подготовките, им заминаа клучните играчи, сепак, ние нема да потцениме никого. Одиме на триумф денеска на нашиот стадион пред нашите навивачи, а проблемите со кои се соочува нашиот противник нема да не’ залажат. Ќе барам од играчите на секој натпревар да дадат максимум и да бидат целосно фокусирани, за да освоиме што е можно повеќе бодови“, заврши Васоски.

Се вчитува...