Васоски: Во Европа не смее да не се користат шансите

Разочаран од елиминацијата од Лигата на Конференции е тренерот на Силекс, Александар Васоски. Неговите избраници загубија по изведување на пенали со 6-5, откако Динамо Минск успеа да победи во регуларниот дел и по продолженијата со истиот резултат со кој кратовскиот тим триумфираше на гости.

Васоски по мечот истакна дека советите не биле неговите играчи да се повлекуваат, но тоа го сториле несвесно, а дури по примениот гол се разбудиле и жали за неискористената шанса на Велиновски во вториот дел.

„Ова беше еден исцрпувачки натпревар. Влеговме некако со страв во првите 20 минути, несвесно се повлековме иако беше кажано да нападнеме од првата минута, да не го браниме толку рано резултатот, но откако примивме гол се разбудивме. Немавме многу стопостотни шанси, но Велиновски ја имаше шансата на натпреварот кога излезе сам пред гол. Во Европа знаете, доколку не се искористат тие шанси за гол… за жал испаднавме на пенали, тоа е лотарија. Нема што да им замерам на момците. Имаа 120 напорни минути, имавме свои моменти, меѓутоа фудбалот е таков за жал и мора да се помириме со тоа“, рече Васоски.

Се вчитува...