Атакува Силекс на четврти трофеј во Купот на Македонија, во своето шесто финале. За кратовскиот тим ова е меч „да се биде или не“, затоа што покрај пехарот, им носи и излез во Европа, поточно во Лигата на Конференции идната сезона.
Шефот на струката Александар Васоски ја препушта улогата на фаворит на противникот, меѓутоа најавува битка за трофејот.
„За нас ова е меч на сезона затоа што знаеме тој меч ни носи излез во Европа. Со Шкендија сезонава одигравме добри натпревари. Добро се познаваме. Ќе биде меч за уживање и нека победи подобриот. Шкендија е во мала предност поради искуството од Европа, но ова е еден меч и се надеваме дека ние на крајот ќе се радуваме“, рече Васоски.

Капитенот на Силекс, Дарко Анѓелески очекува добар меч и интересен натпревар, со надеж дека неговиот тим ќе го подигне пехарот.
„Не очекува интересен меч. Очекувам добра фудбалска претстава. Подготвени сме да дадеме максимум па нека победи подобриот, а се надевам дека тоа ќе бидеме ние“, изјави Анѓелески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
