Ватфорд го отпушти менаџерот Марко Силва

Англискиот премиерлигаш Ватфорд одлучи да се раздели со својот досегашен менаџер Марко Силва, поради слабите резултати на тимот во изминатиот период. Тој успеа да оствари само една победа на последните 11 натпревари што се рефлектираше Ватфорд да падне на 11. позиција на табелата, но само со пет бода повеќе во однос на Саутемптон, кој е во опасната зона.

„Клубот донесе одлука да се ја прекине соработката со менаџерот Марко Силва. Тоа беше тешка одлука, но е донесена со надеж за светло на крајот од тунелот. Би сакале да му се заблагодариме на Марко Силва за одличниот однос кон сите структури во клубот, а Ватфорд ќе се насочи кон ангажман на нов стратег“, се вели во соопштението на англискиот премиерлигаш.

Се вчитува...