Ваучери 2023: РФМ повторно на врвот, пари за ФФМ нема ниту годинава

Агенцијата за млади и спорт на Македонија ги објави сумите кои ќе ги добијат спортските федерации во 2023 година кога е во прашање ваучер системот. И годинава повторно најголем дел од колачот и припадна на Ракометната федерација на Македонија која ќе добие 14 милиони денари.

По неа е Кошаркарската федерација која ќе инкасира ваучер од 12.3 милиони денари, а со двоцифрена милионска сума е и Одбојкарската федерација која доби ваучер од 10.8 милиони денари. И годинава поради војната која трае веќе неколку години АМС нема ваучер за Фудбалската федерација на Македонија.

Кога се во прашање клубовите ракометниот клуб на Вардар е прв со 17 милиони денари, додека Еурофарм Пелистер и Бутел имаат по 15.5 милиони. Кошаркарскиот шампион МЗТ е по нив сосо 13 милиони. Во врвот се и двата фудбалски клуба Шкупи и Шкендија со по 11.5 милиони денари.

 

Се вчитува...