Ваучери во кошарката: МЗТ Скопје еден милион повеќе од Работнички

МЗТ Скопје е клубот што има најголем ваучер во мак-баскетот, откако аеродромци добија вкупно 13 милиони денари преку ваквиот вид на државна помош на списокот што вечерва беше објавен од Агенцијата за Млади и Спорт.

Еден милион денари помалку од МЗТ Скопје доби вечниот ривал Работнички, третопласиран е КК Гостивар, а интересно е што на четвртата позиција се наоѓа Академија ФМП со ваучер од 8,2 милиони денари.

ЖКК Бадел е женскиот колектив со највисок ваучер, вкупно 2,9 милиони денари, пред ЖКК Вардар со 2,6 милиони денари и Баскет Кам и Струга со по 2,3 милиони денари.

Се вчитува...