Ваучери за кошаркарските клубови: МЗТ Скопје на врвот, Пелистер само деветти

МЗТ Скопје се наоѓа на врвот и на најновата листа за ваучерите што ги добиваат кошаркарските клубови за оваа година, според  списокот со доделени средства што Агенцијата за Млади и Спорт го објави вечерва.

„Металците“, кои имаат најголем број на репрезентативци и згора на тоа ја освоија и двојната круна минатата сезона, заслужено се на врвот со ваучер од 12,3 милиони денари, а веднаш зад нив се наоѓа Работнички со 10,8 милиони денари, додека третопласиран е Куманово со 8,4 милиони денари.

Четврторангиран е тимот на ТФТ со осум милиони денари ваучер, пред вицешампионот Еуро Никел со седум милиони, а интересно е што тимот на Пелистер, кој лани доминираше во регуларниот дел од сезоната освојувајќи го првото место, доби само деветти ваучер по големина од мак-клубовите, во висина од 6,5 милиони денари, исто колку и Кожув.

Се вчитува...