Вавринка: Рафа и Роџер имаат квалитети, но Новак Ѓоковиќ е перфектен

Швајцарскиот тенисер, Стен Вавринка во својата кариера освои три грен-слем трофеи и тоа против едни од најголемите тенисери во историја. На Ролан Гарос славеше против Новак Ѓоковиќ, на Австралија Опен славеше против Рафаел Надал, а за единствениот мастерс троеј во Монте Карло го совлада Роџер Федерер.

Тоа го прави Швајцарецот перфектен говорник кога е во прашање споредбата на Србинот, Шпанецот и Швајцарецот. Во пресрет турнирот во Буенос Аирес за аргентинскте медиуми ја анализираше играта на овие тројца.

„Сите тројца имаат различен стил на игра. Рафа е леворак и мечевите со него се исклучително тешки, многу физички. Напорно е и од психички аспект да играш против него. Роџерер е многу брз, постојано успева да ти направи да се чувствуваш непријатно на теренот. А, Новак. Тој е перфектен поради начинот на кој игра.

Ги победував повеќе пати, но и губев од нив уште повеќе. За мене отсекогаш тоа беше добра шанса играм против најдобрите тенисери во историјата. Дури и кога губев тоа беше предизвик за мене. Мечевите со нив се нешто специјално“, открива Вавринка.

Се вчитува...