Вавринка сигурен, крај за Бердих во Индијан Велс

Станислас Вавринка ја искористи улогата на фаворит и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс триумфирајќи против Филип Колшрајбер со 7-5,6-3.

За разлика од Вавринка во следната рунда натпревари нема да го има Томаш Бердих кој загуби неочекувано од Јапонецот Нишиоке со 1-6,7-6,6-4.

Со добрите игри продолжи и српскиот тенисер Душан Лајовиќ кој се пласираше во осминафиналето победувајќи го Канаѓанецот Васек Поспишил со 6-7,6-3,7-5. Гаел Монфилс победи со 6-2,6-4 против Џон Иснер , и во осминафиналето ќе игра против Доминик Тим кој во два сета славеше против Миша Зверев.

Се вчитува...