Арсенал ќе може дда настапи со својот најсилен тим од првата минута во големото финале против ПСЖ што е на програмата утре од 18 часот во Истанбул.
Холандскиот дефанзивец Тимбер повеќе од еден месец беше надвор од терените, но десниот бек се рехабилитираше навреме за да настапи во ова големо финале, каде сигурно ќе биде од огромна помош во обидите од неговата страна да се неутрализира Кварацхелија.
„Тимбер е подготвен, ќе игра во финалето. Мадуеке? И тој е ок, подготвен е. Единствениот што ќе недостига кај нас е Бен Вајт“, потврди Микел Артета на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
