Важен потпис во Партизан

Партизан конечно стартуваше со конкретни потези летово, најпрвин беше официјализиран трансферот на центарот Хејс од Монако, а денеска беше потврден и новиот договор што клубот го потпиша со капитенот Вања Маринковиќ.

Фантастичниот шутер заработи тешка повреда на тетивата поради која се уште е во „аут“ и ќе го пропушти стартот на новата сезона.

Сепак, управата на Партизан не ја криеше желбата да го задржи, што на крајот резултираше со потпис на новиот двогодишен договор, со важност до јуни 2028 година.

Се вчитува...