ВБЦ: Вајлдер и Фјури се враќаат повторно во рингот!

Организацијата ВБЦ за чиј појас се бореа Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури на легендарниот меч што се одржа на 1 декември во Лос Анџелес, соопшти дека е покрената процедура за нов меч меѓу двајцата боксери.

Дуелот во Лос Анџелес со одлука на судиите заврши без победник, што иницираше ВБЦ да организира и реванш.

„На Конвенцијата на ВБЦ одржана во Киев во октомври годинава, одлучено е да се олеснат договорите за големите борби, а тоа се разбира, ги вклучува и мечевите во тешка категорија. Тајсон Фјури беше неверојатен минатата сабота, изведе една од најдобрите борби каква што долго не е видена. Ако стигне барање за реванш, ВБЦ ќе го процесуира по итна постапка“ – соопштено е од ВБЦ.

И Вајлдер и Фјури се подготвени одново да влезат во рингот и во реваншот да го решат победникот.

„Сериозно посакувам реванш пред било која друга борба. Никој друг не доаѓа предвид. Тоа е единствено праведно и единствена добра работа за боксот. Подготвен сум кога сака тој повторно да се бориме. Сакам да им го дадам на навивачите тоа што го сакаат и да ја завршиме оваа приказна еднаш засекогаш. Не сакам друга борба пред да се бориме ние двајца повторно“ – порача Вајлдер.

Новата голема пресметка меѓу Вајлдер и Фјури според најавите, се очекува во првата половина од 2019 година и тој меч најверојатно ќе биде организиран во Велика Британија.

Се вчитува...