Вчера се најде на списокот на Бугарија за Македонија, а утрово беше приведен од полицијата

Ѓорѓи Јомов, напаѓачот на софиска ЦСКА и бугарски репрезентативец утрово заврши во полиција, откако бил инволвиран во инцидент.

Јомов бил приведен од полицијата поради учество во синоќешниот инцидент кој резултирал со престрелка со огнено оружје на една бензинска пумпа во Софија. Јомов не бил повреден, а наводно во инцидентот биле инволвирани неговиот брат и неговиот татко кои се во бегство.

Според исказот на Јомов, дошло до недоразбирање на неговиот брат и за него непознати лица, а подоцна се вклучил и таткото со што било употребено и огнено оружје. Во престрелката биле повредени и две лица, од кое едното е во животна опасност.

Јомов вчера беше еден од повиканите за националниот тим на Бугарија, но прашање е колку после овој инцидент тој ќе биде дел од Бугарија за мечот со Македонија на 2. јуни во Разград во рамките од Лигата на Нации.

Се вчитува...