Вебер: Фетел треба да си бара нов тим…

Иднината на Себастијан Фетел во Ферари од многу аспекти ќе зависи од резултатите што ќе ги постигне италијанскиот тим во годинашниот шампионат во Формула 1. Претседателот на Ферари, Серџо Маркионе неодамна изјави дека Фетел ќе треба да си го заслужи местото во тимот, најавувајќи дека продолжувањето на соработката со Германецот веќе е довдедено во прашање. Деновиве и Вили Вебер, поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, му препорача на Фетел да си бара нов тим.

Во последните години, Ферари тешко се справува со доминацијата на Мерцедес, а минатата сезона не успеаја да се носат ни со Ред бул.

Ако резултатите на Фетел не бидат подобри следнава сезона, Фетел треба да си побара нов тим. Дури и ако од Ферари сакаат да го задржат, мое мислење е дека Фетел не треба да остане“ – вели Вебер.

Се вчитува...