Вечер на „седмици“ во финишот на квалификациите, Белгија во голем стил на Мундијалот (ВИДЕО)

Македонија не беше единствената репрезентација која вечерва прими седум голови во финишот од квалификациите за пласман на Светското првенство. Седум голови примија и селекциите на Сан Марино од Романија, и на Лихтенштајн од Белгија.

Белгијците во голем стил во Лиеж заверија пласман на Мундијалот од нашата група. Ванакен, па два гола на Доку, потоа Мекеле, Салемакерс и на крајот два гола на Де Кетеларе ја донесоа оваа убедлива победа на Белгија, која со 18 бодови и три ремија (од кои два со Македонија) ја однесе директно на Светско ппрвенство.

Романија иако губеше 0-1 од Сан Марино, на крајот успеа да постигне седум голови. Како што е познато, седум голови постигна и Велс против Македонија во триумфот од 7-1.

Шпанија со реми 2-2 против Турција стави заверка на учеството на Светското првенство. Косово и Швајцарија одиграа 1-1, со што Швајцарците одат директно на Светско првенство, додека Косово ќе игра бараж. Грција не успеа да ја победи Белорусија, и играше без голови.

Се вчитува...