Вечниот „милионер“ останува верен на Борусија: Марко Ројс добива нов договор

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс наскоро ќе добие нов договор со што ќе продолжи да го носи дресот на „милионерите“. Иако во последните неколку години имаше многу понуди да ја смени средината, меѓу кои беше и од Баерн Минхен, сепак, крилниот напаѓач јасно стави до знаење дека ќе ја заврши кариерата на „Вестфален“.

32-годишниот Ројз веќе 10 години е дел од Борусија Дортмунд, откако во 2012 година од Борусија Менхенгладбах се врати во својот матичен тим, во кој настапуваше како младинец.

Неговиот договор истекува до 2023 година, но новиот договор ќе биде до 2026 година. Сезонава во 25 меча, Ројс постигна 9 гола и имаше 14 асистенции.

Новито договор на Ројс доаѓа по веста за дефинитивно заминување на Ерлинг Халанд, кој летово треба да потпише за Манчестер Сити за 75 милиони евра, и плата од неверојатни 31 милион годишно.

Се вчитува...