„Вечниот Пандев“ растура – со два гола до јубилејната „стотка“ во Калчо-лигата

Горан Пандев продолжува да ги тресе противничките мрежи во Калчо-лигата откако македонскиот ас биеше прецизно, постигнувајќи два гола во првите дваесетина минути од дуелот меѓу Џенова и Беневенто.

Со тоа, македонскиот ас стигна до јубилејниот стоти погодок во елитното италијанско фудбалско друштво, со што е апсолутен рекордер меѓу фудбалерите од поранешна Југославија низ историјата на Калчо-лигата.

Гостите поведоа од пенал, но Џенова експресно се врати благодарение на одличниот погодок на Пандев во 11. минута. Само четири минути подоцна Лападула повторно го донесе Беневенто во водство, но се играше 21. минута кога Пандев повторно стапи на сцена и со својот втор гол повторно донесе израмнуваање на оваа средба.

Се вчитува...