Веднаш по изборите, промени во КК Пелистер

Пелистер одлично ја почна сезоната, но сосема очекувано промената на градската власт донесе и промена во раководството на клубот. Досегашната претседателка, Мери Ковачевска поднесе оставка во која вели дека причина за нејзината оставка се приватните и професионални обврски.

„Јас, Мери Ковачевска, претседател на Одборот на директори на Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб Пелистер, денеска, на ден 03.11.2021 година, ја давам мојата оставка на функцијата Претседател и член на Одбор на директори. Причината поради која ја поднесувам оваа оставка се приватните и професионални обврски кои не ми дозволуваат повеќе професионално да ги извршувам обврските на функцијата. Притоа, барам во најкраток можен рок, а согласно Законот за трговски друштва и Статутот на Друштвото, Одборот на директори да ги преземе сите дејствија во насока на престанок на мојата функција“, објави Ковачевска.

Пелистер е единствениот клуб во кошарската Прва лига на стартот на новата сезона, додека во првите два натпревари во АБА 2 имаат половичен скор од една победа и еден пораз.

Се вчитува...