Веќе не личи на дрим-тим: Американците повикаа шест резерви

Американскиот селектор Грег Попович беше принуден за целосен ремонт на тимот на само еден месец до почетокот на СП 2019 во Кина, па по осумте откажувања во последните денови, тој дополнително повика шест нови кошаркари да се појават на тренинг-кампот.

Станува збор за Џејлен Браун и Маркус Смарт (Бостон), Монтрецл Харел (Ла Клиперс), Мејсон Пламли (Денвер), Џулиус Рендл (Њујорк) и Тадеус Јанг (Чикаго), кои во следниот период ќе се борат за место во националниот тим за Мундијалот во Кина. Иако сите шест играчи важат за исклучително квалитетни, повеќе од јасно е дека тие не се адекватни замени за оние кои се откажаа: Харден, Дејвис, Лилард, Гордон, Меколум, Дерозан, Харис и Бил.

Со ова станува уште појасно дека Американците подолго време немале така просечен состав на едно големо натпреварување, што ги зголемува шансите на ривалите да приредат изненадување и да ја симнат селекцијата на САД од тронот на светската кошарка.

Се вчитува...