Веќе нема дилеми, Марсело останува во Реал и следната сезона

Повеќе нема дилема дека Марсело ќе го носи дресот на Рел Мадрид и следната сезона. Бразилецот изразил желба дека сака да остане во клубот до крајот на неговиот договор, кој истекува за една година.

Според реномираната „Марка“, без оглед на тоа што го загуби местото како стартер во тимот, дефанзивецот очигледно не се сели од Мадрид, за што ги известил челниците на клубот, а кои се согласиле Бразилецот да остане до крајот на договорот.

Ферлан Менди е новата замена на Марсел, па така се очекува така да биде и следната сезона. Покрај тоа, во клубот е и младиот Мигел Гутиерез. Марсело заработува 10 милиони евра годишно во Реал, што е плата што веројатно не би можел да ја заработи на друго место на 34-годишна возраст.

Се вчитува...