Веќе нема дилеми, Ривалдо ја откри судбината на Меси во Барселона

Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо нема дилема кога станува збор за кариерата на Лионел Меси во Барселона. Аргентинскиот фудбалер минатото лето беше на излезната врата од каталонскиот гигант, но сепак реши да остане до крајот на оваа сезона, кога истекува неговиот договор.

Сепак, Ривалдо уверува дека расположението на првата ѕвезда на тимот се променило откако Жоан Лапорта го презеде претседателското место.

“Барселона се подобри во последните неколку недели, Меси е во одлична форма, и очигледно дека тимот беше под влијание на промената на претседателот. Аргентинецот изгледа посреќно со враќањето на Лапорта. Доаѓањето на Жоан со сигурност ги зголеми шансите Лео да остане“, изјави легендарниот Бразилец.

Тимот на Роналд Куман во моментов е втор во Примера дивизион со четири бода помалку од Атлетико Мадрид, додека на 17 април ќе се борат за уште еден трофеј, а тоа е финале на Купот на кралот на Шпанија против Атлетик Билбао.

Се вчитува...