Велевски од Силекс е седмо засилување за Гостивар пред новата сезона

Довчерашниот дефанзивец на Силекс, Дејан Велевски е седмо засилување за второлигашот Гостивар пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Гостивар потпиша едногодишен договор со 24-годишниот Велевски кој во минатото има настапи и за Пелистер, 11 Октомври, Победа, Младост ЦД и Вардар Неготино.

Покрај Велевски, како што е познато Гостивар претходно се засили и со Антонио Илиески, Лавдрим Скендери, голманите Артан Иљази и Осман Даци, потоа Валон Зекири како и офанзивниот фудбалер од среден ред, Фатих Исмаили.

 

Се вчитува...